Ferrari го претстави уникатниот специјален модел BR20 – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Ferrari го претстави уникатниот специјален модел BR20

Италијанскиот бренд ја претстави неговата најнова уникатна креација, и исто како повеќето од неговите претходници – BR20 е базиран на модерен автомобил, но се одликува со дизајн инспириран од историјата на компанијата.

Дизајнот на BR20 е инспириран од моделите 410 Superamerica и 500 Superfast – многу популарни GT модели на Ferrari од доцните 50ти. Историски инспирираните дизајнерски елементи се подискретни, па моделот одлично се вклопува во модерната гама на Ferrari.

Уникатниот модел е базиран на GTC4 Lusso, кој е погонуван од V21 агрегат, а располага со четири места за патници. Сепак, главната одлика – карактеристичниот заден дел во хечбек стил е заменет со елегантен дизајн кој вклучува налегнато задно ветробранско стакло и поизразен спојлер на багажникот.

На предниот дел, BR20 доаѓа со помали светлосни групи, кои не се протегаат толку високо, како кај GTC4 Lusso. Тука е и поширока решетка за воздух и тенки дневни LED светла. Необичниот дизајн на страничните прагови, кои се слеваат со страничниот отвор за вентилација под знакот, му даваат на автомобилот многу органски изглед кога е гледан од страна.

Покрај тоа што е целиот обвиен во елегатна темно кафена кожа, ентериерот на BR20 изгледа како да добил само минимални измени. Сепак, седиштата од задната клупа се отстранети и се заменети со елегатен простор за багаж, кој е полу-отворен кон багажникот, а е украсен со детали од црво и карбон.

Не се објавени информации за механички промени на агрегатот, па ние претпоставуваме дека овој уникат го задржува истиот V12 мотор со 681 кс и погон на сите тркала како стандардниот GTC4 Lusso.

Ferrari не објави кој е сопственикот на автомобилот или што е значењето на името BR20, но можно е буквите да се иницијали на нивниот долгогодишен клиент кој најверојатно бил целосно вклучен во дизајнот на овој многу специјален модел.

Поврзано:  ПРЕМИЕРА: Новиот 12Cilindri го носи најмоќниот 12-цилиндерски мотор во историјата на Ferrari!


Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.