BMW ги завршува подготовките за новата Серија 2! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

BMW ги завршува подготовките за новата Серија 2!

BMW е во финалните фази на развој и тестирање на новата Серија 2 – премиерата се очекува наскоро!

Од BMW гордо кажуваат дека новата Серија 2 е во финалните фази на подготовка пред официјалниот старт на производството  и напоменуваат дека легендарниот Nurburgring служел како основна локација за голем дел од развојот на новиот автомобил. Според BMW, ова помогнало да се усовршат суспензијата, управувањето и сопирачките, како и други системи во автомобилот. Секако, користени се и јавните патишта, но и развојниот центар на BMW во Maisach, каде ние пред неколку години за прв пат ја возевме тогаш новата BMW Серија 5.

Според она кое го најавуваат од BMW, до пристигањето на новиот M2, врв на понудата ќе биде новиот M240i xDrive Coupe, кој под поклопецот ќе носи BMW TwinPower турбо-бензинец со шест цилиндри во линија кој кон сите тркала преку 8-брзински Steptronic Sport автоматски менувач ќе испорачува 374 коњски сили. Сепак, од BMW напоменуваат дека иако моделот ќе доаѓа со погон на сите четири тркала, сепак xDrive системот ќе биде калибриран да биде понаклонет кон задните тркала, а ќе доаѓа и со M Sports диференцијал.

Понатаму, од  BMW напоменуваат дека многу внимание е посветено на дополнително зацврстување на автомобилот, за уште подобри динамични карактеристики. Секако, новата Серија 2 ќе добие и нов дизајн – и по камуфлираните прототипови на официјалните фотографии кои пристигнаа од BMW, најверојатно нема да ги добие контраверзните вертикални отвори за воздух кои ги доби новата Серија 4, како и новите M3 и M4.

Со оглед на тоа дека производството ќе започне ова лето, наскоро ја очекуваме и официјалната премиера.

Поврзано:   Flow Nostokana е најновата арт инсталација на BMW и Esther Mahlangu


Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.