Најпопуларниот модел на Volkswagen застана на врвот на табелата за продадени возила во третиот месец од 2021 година во Европа.
Според податоци објавени од JATO, регистрациите на нови возила во Европа се зголемиле за 63% во Март 2021 во споредба со Март 2020, но сепак се за 22% помалку од Март 2019, кога пандемијата немаше ефект над автомобилската индустрија.
Со вкупно продадени 26,265 примероци, осмата генерација на Volkswagen Golf ја презема првата позиција од победникот во минатиот месец – Peugeot 208, кој забележа вкупно 25,429 продажби.
Малата Opel Corsa со своите 24,540 примероци се искачи од осмата на третата позиција, додека пак најголемиот скок на четвртата позиција го забележа Tesla Model 3 со продадени 23,755 возила.
Победникот од првиот месец во годинава – новиот Toyota Yaris заврши на петтото место со вкупно 23,033 продажби, додека пак на шестата позиција се најде најпродаваниот SUV во Март – Volkswagen T-Roc, со остварени 21,772 продадени примероци.
Во продолжение, листата на 10 најпродавани возила во Март ја завршуваме со моделите Citroen C3, Renault Clio, Peugeot 2008 и Fiat 500.
Извор на табелата: @carindustryanalysis