Пристигна целосно-новиот KIA Sorento! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Пристигна целосно-новиот KIA Sorento!

Најголемиот SUV во европската понуда на KIA пристигна во Македонија!

Набргу по неговата светска премиера, новиот KIA Sorento пристигна и во Македонија, и е веќе изложен во салонот на Киа Моторс Македонија.

Како што веќе знаеме, новиот Sorento воведува нова димензија на нештата во KIA. Покрај значително попремиум пристапот во однос на досегашното Sorento, кај новата, четврта генерација се воведуваат и нови технологии, како и нови, практични секојдневни решенија.

Големиот SUV доаѓа со седум седишта, а сега за сега на нашиот пазар е достапен само со 2.2-литарскиот CRDi турбодизел. Моќниот турбодизел испорачува 202 коњски сили и 440 Nm вртежен момент, кои пак му овозможуваат на Sorento да забрза до 100 километри на час за 9.2 секунди и да достигне максимални 205 километри на час.

Достапни се три нивоа на опрема – EX Premium 1, EX Premium 2 и EX Premium 3. Како што вообичаено бидуваат работите кај KIA, и кај основното ниво на опрема се добива навистина многу. Примерокот на фотографиите е во второто ниво на опрема и едноставно, дури и за овој примерок можеме да кажеме дека „нема што нема“. Цените започнуваат од 44.500 Евра за Sorento во EX Premium 1 ниво на опрема, Sorento со EX Premium 2 чини 49.950 Евра, додека врвниот Sorento EX Premium 3 чини 59.950 Евра.

Најголемиот SUV во европската понуда на KIA веќе можете да го погледнете во салонот на Киа Моторс Македонија, или пак да дознаете повеќе на официјалната веб-страница. Ние наскоро ќе го добиеме на тест и ќе ги пренесеме нашите впечатоци.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.