Македонските возачи на Twingo Cup викендов ќе настапат на Slovakia Ring! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Македонските возачи на Twingo Cup викендов ќе настапат на Slovakia Ring!

AKK Рено Спорт најавува уште еден возбудлив викенд заедно со LEMA Racing – интернационалните настапи на македонските возачи во Twingo Cup продолжуваат со настап на Slovakia Ring во Словачка!

Викендов на Slovakia Ring ќе се вози втората трка од Twingo Eurocup, бодуванa согласно регулативите и признанија на FIA CEZ, a истата трка ќе се бодува и за првенството на Македонија. Пријавени се вкупно 27 возила, од кои осум Македонци: Ненад Костовски, Давид Малинковски, Мартин Костовски, Зоран Миракоски, Емил Нацка, Ангелче Стојковски, Владимир Тренески и Милан Ѓорѓевиќ.

Преносот на натпреварите ќе се емитува на Канал 5 Телевизија во следните термини:

  • 05.2021 (Сабота) Прва трка – 16:10 часот
  • 05.2021 (Недела) Втора трка – 10:50 часот

Оваа втора сезона покрај две кружни трки во Кичево и две ридско брдски на домашно тло, купот ќе биде дел и од меѓународни натпревари каде нашите возачи ќе бидат бодувани согласно регулативите и признанија на FIA CEZ и тоа во: Серес – Грција (Јуни), Гробник – Хрватска (Јули) Red bull Ring – Австрија (Септември) и финална трка за заокружување на сезоната повторно во Серес – Грција (Ноември) CEZ  во  организација на АКК Рено Спорт Скопје.

Голема благодарност до нашите поддржувачи: Аутомотив Груп, RENAULT, Триглав Осигурување, Power Sport System (PSS) и Шпаркасе Лизинг кои овозможуваат да трките се организираат на високо ниво како на домашните така и на меѓународните автомобилски стази.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.