Twingo Cup: Малинковски на петтото место на Slovakia Ring! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Twingo Cup: Малинковски на петтото место на Slovakia Ring!

Давид Малинковски го освои петтото место на втората трка на „Словакиа ринг“, што се возеше денеска во рамки на FIA CEZ натпреварувањето во Твинго Купот.

Малинковски воедно беше и најдобро пласиран од македонските возачи, додека Владимир Тренески беше седми, односно втор во бодувањето за домашниот шампионат, а Мартин Костовски заврши десетти, односно трет меѓу Македонците.

Малинковски возеше фантастична трка и веднаш по стартот успеа да се пробие до четвртата позиција. На околу 10 минути до крајот на трката, нашиот возач дури успеа и да го преземе водството. Тој постојано беше при врвот во групата од осум автомобили, кои постојано се менуваа на првите неколку позиции. Во финишот, Малинковски падна до седмата позиција, но во поседните неколку свиоци Младеновиќ и Ивануша имаа контакт по што излетаа од патеката, а Малинковски го запечати петтото место на трката.

Лука Глазер на крајот во фото-финиш мина прв низ целта, пред вчерашниот победник Ник Стефанчич и Урбан Јеловчан.

Останатите наши натпреварувачи, Ангелче Стојковски заврши на 15.место, Емил Нацка беше 18-ти, Зоран Мираковски на 20.место, а Ненад Костовски беше 22.место.

Милан Ѓорѓевиќ успеа да комплетира само два круга пред да излезе од патеката.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.