Ф1 Каталуња: Доминација на болидот на Mercedes! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Ф1 Каталуња: Доминација на болидот на Mercedes!

Иако беше очекувана релативно здодевна трка на патеката на Каталуња, сепак играта на стратегии овозможи по некој молекул на адреанлин кај гледачите.


Трката започна со Хамилтон на пол позиција и Вестапен на второто место. Беспрекорниот старт на Верстапен веќе во првата кривина ги смени позициите и изби на првото место пред Хамилтон. Така продолжи трката со првите пит-стопови и по нив ситуацијата беше слична. Но, стратегијата на Мерцедес – иако имаа побрз болид – беше да не се трудат да го престигнат Версапен и да ризикуваат излетување. Планираниот еден питстоп во момент на генијално размислување го заменија со втор питстоп, пришто Хамилтон излезе на патеката на трето место но со посвежи медиум пневматици.

Тука се развија многу дебати, дали требаше да влезе Верстапен, или не. Но, без помош од својот тимски колега Перез, беше оставен сам на стартно целната рамнина. Ботас зад него, а Хамилтон во поход со посвежите пневматици. Велеа „требаше да влезе Верстапен веднаш по Хамилтон, имаше 23 секунди предност.“ Но, Ред Бул имаа на располагање само меки пневматици – и дискутабилно беше дали ако влезе и ги променат – ќе издржат до крајот. Ако ги заменеа, и стигнат до работ на излижаност, или пак им се појават плускавци пред крајот на трката за Верстапен ќе останеше само третото место. Но, ако издржеа – гарантирано прво место. Тука беше дебатата што да се направи и што ќе беше најдобар избор.

Брилијантната стратегија на Мерцедес, во комбинација со најбрзите боилди на патеката го направија своето. Сè што остана за Верстапен беше да се задоволи со второто место, и евентуално да се бори за најбрз круг.

На крајот како и секогаш водечкото подиумско трио, беше на километри пред четвртиот возач. Во случајов Леклер од Ферари – а тоа пак ја потврдува неверојатната доминантност на болидите на Мерцедес кои успеваат секогаш да се на подиум без разлика на возачот кој е во нив.

Од останатите, сосема очекувано, се издвои само Верстапен како единствен кој успеа да држи чекор со Мерцедес и да се качи на подиумот. Редоследот беше следен:

1) Lewis Hamilton, Mercedes
2) Max Verstappen, Red Bull
3) Valtteri Bottas, Mercedes
4) Charles Leclerc, Ferrari
5) Sergio Perez, Red Bull
6) Daniel Ricciardo, McLaren
7) Carlos Sainz, Ferrari
8) Lando Norris, McLaren
9) Esteban Ocon, Alpine
10) Pierre Gasly, AlphaTauri

Мазепин се покажа како најконзистентен возач досега, кој редовно го добива последното место.

Автор: Дејан Маликовски



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.