full screen background image
Search

Регулаторна: Дизелот и 98-октанскиот бензин поскапуваат еден денар, 95-октанскиот бензин поскапува денар и половина

Регулаторната Комисија за Енергетика пред само неколку минути ги објави новите, повисоки цени на горивата.

Во согласност со методологијата која се користи за пресметка на цените, од вечерва на полноќ малопродажните цени на горивата се зголемуваат во просек за 1.88%.

Цената на ЕУРОСУПЕР-95 се зголемува за 1.50 денари и еден литар 95-октански бензин ќе чини 68.50 денари.

Цените на ЕУРОСУПЕР-98 и ЕУРОДИЗЕЛ горивата се зголемуваат по еден денар. Соодветно на тоа, еден литар 98-октански бензин ќе чини 70.00 денари, додека еден литар дизел ќе чини 60 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.