Volkswagen го најавува и освеженото Polo GTI – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Volkswagen го најавува и освеженото Polo GTI

Volkswagen неодамна го освежи Polo, а сега се подготвува да го претстави и освеженото, спортско Polo GTI.

Освеженото Polo GTI и понатаму ќе го носи 2-литарскиот турбо-бензинец кој испорачува 200 коњски сили и 320 Nm вртежен момент. Секако, и понатаму ќе може да се добие со мануелен или DSG менувач, а погонот ќе остане на предните тркала. Сепак, објавената скица најавува дека Polo GTI ќе добие затегнат дизајн со редизајнирана предна маска, како и нов браник со интегрирани светла за магла. Се очекува сличен редизајн и на задниот дел, како и освежен ентериер.

Секако, можеме да очекуваме и надградени сопирачки, рекалибрирана суспензија и други спортски елементи. Премиерата за освеженото Polo GTI е закажана за крајот на Јуни.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.