Електричниот Volkswagen ID.4 е светски автомобил на годината за 2021! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Електричниот Volkswagen ID.4 е светски автомобил на годината за 2021!

Светскиот Автомобил на Годината за 2021 е Volkswagen – и тоа целосно електричниот ID.4!

Електричниот ID.4 се избори за титулата меѓу навистина силна конкуренција. Покрај Volkswagen ID.4, награди добија и новата Mercedes-Benz S-Class, која е прогласена за Луксузен Автомобил на Годината, Porsche 911 Turbo кој е прогласен за Performance Автомобил на Годината, електричната Honda E, која е прогласена за Урбан Автомобил на Годината, како и новиот Land Rover Defender кој ја доби наградата за Најдобар Дизајн на Годината.

Наградата за Светски Автомобил на Годината ја доделуваат повеќе од 90 автомобилски новинари од 24 земји, а тие ги одбираат најиновативните нови автомобили на светскиот пазар. За едно возило да може да учествува, мора да се произведе во најмалку 10.000 примероци годишно и да се нуди на најмалку два континенти.

Ralf Brandstätter, кој е CEO на Volkswagen изјави дека се особено задоволни со признанието за Светски Автомобил на Годината – „Особено сме задоволни, не само поради тоа што ова е една од најважните награди во светот, туку и поради тоа што оддава чест на важна идеја и одличен тим – првиот ID. Ова е модел за клучните пазари – Европа, Кина и САД, и ја води нашата електрична офанзива ширум светот. Убедлив автомобил, одлична идеја – и наградата за Светски Автомобил на Годината? Тоа одлично одговара!“



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.