Opel Manta GSe ElektroMOD ја прикажува својата анимирана маска – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Opel Manta GSe ElektroMOD ја прикажува својата анимирана маска

Opel претстави слики и видео за најава на Manta GSe ElektroMOD, пред нејзиното официјално дебитирање на 19ти Мај.

Создадена е над класичниот автомобил Manta A од 1970 година, кој седел во складиштето на Opel. Конвертирана е да работи на струја со електричен мотор и батерија, наместо на четири-цилиндарскиот бензински агрегат.

Иновативниот елемент кај GSe ElektroMOD е таканаречената „Pixel-Vizor“ предна маска. Таа е инспирирана од лицето на оргиналната Manta со имплементирана графика од новите Mokka и Crossland, додека пак зборот „Pixel“ навестува дигитална преобразба.

Според Opel, маската прикажува различни пораки и анимации, а со тоа комуницира со околината. Токму тоа е прикажано на фотографиите и видеото. Искрено, нас не би не чудело доколку оваа маска започне нов тренд, па наскоро видиме нешто слично и кај другите брендови.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.