full screen background image
Search

Незаменливиот Citroën Ami 6 полни 60 години!

Легендарниот, препознатлив и незаменлив Ami 6 деновиве го прославува својот 60-ти роденден! На 24ти Април 1961, Citroën на јавноста ѝ го претстави Ami 6.

„Овој модел не е предвиден да го замени моделот 2 CV од кој многу се разликува…“ – соопштението за медиумите од страна на Citroën од 1961 било можеби изненадувачко за тоа време, исто како и обликот на Ami 6! Овој „голем-мал автомобил“, со мали надворешни димензии и просторна внатрешност се покажа дека е биде голем успех. Повеќе од еден милион примероци беа произведени, од кои повеќе од половината во караван изведба, која пристигна во 1964 година.

Уникатниот изглед на Ami 6 беше изразен преку кровната линија во форма на буквата Z.

Откако со својот тим од Citroën ги дизајнирал Traction Avant, 2 CV и DS, на Flaminio Bertoni му било побарано да ги создаде контурите на автомобил од средна класа, познат како AM Projet. Од тоа произлегол Ami 6 – неговото ремек-дело, како што им се доверувал на неговите пријатели и семејството.

Заа прв пат, дизајнерот можел комплетно да се изрази, без мешање од никој друг со наметнување за стилот на автомобилот. За Ami 6, тој имал смела идеја за превртено задно стакло, кое останува чисто и кога врне, а исто така има и багажник со традиционално отворање и големина за почит, како и просторност на задните седишта, но притоа задржувајќи ги намалените димензии на надворешноста. Моторот со два цилиндри од 602 cm3 е преземен од 2 CV. Како дополнување на предниот лик со префинети линии, поставени се широки правоаголни светла (за првпат во тоа време), капак на моторот кој се спушта во централниот дел, покривот во стил на пагода и страните обележани со релјефни линии, Ami 6 прикажува силен карактер, дури и „барок стил“ со зборовите на некои набљудувачи! Но сепак, Ami 6 не се задоволува само со тоа што е естетски успех – моделот мисто така бил иновативен и во смисла на маркетинг, претставувајќи се во рекламни материјали како ,,втор автомобил идеален за дамата во домаќинството”.

Внатрешноста на Ami 6 била инспирирана директно од онаа кај моделот DS, кој бил златен стандард во оваа област. Почнувајќи од неговиот волан со еден крак и рачките на вратите, до копчињата за команди и неговите седишта, сето тоа сугерирало на врвен Citroën. Кога станува збор за неговото однесување на патот, сите аплаудирале на управувањето на патот и флексибилноста на овој седан, наследени од прославеното потпирање од моделот 2 CV. Од создавањето, во согласност со духот на Citroën, Ami 6 бил оригинален и иновативен автомобил. Неговите обожаватели имаат посебен интерес за верзиите Club со четири светла и бели странични облоги, што биле во продажба од септември 1967 година.

Поврзано:   Citroën ја претстави својата визија за автономна урбана мобилност

Легендарниот рекламен слоган за Ами 6 останал – „најевтиниот комфорен километар на светот“.

Со Ami 6 Караван, Citroen покажа дека успехот има пет врати.

Пресвртот се случил кон крајот на 1964 година, со доаѓањето на малиот караван (носивост од 320 kg) дизајниран од Henri Dargent (помошник на Flaminio Bertoni) и Robert Opron (наследник на Bertoni, кој починал во 1964 година). Овој караван ќе ја зголеми продажбата и ќе го преземе водството пред лимузината – исклучително редок случај во историјата на автомобилизмот.

Неговата линија истовремено нудеше товарен волумен соодветен како за повеќенаменско возило од оваа категорија, заедно со лесен и практичен пристап. Бил практичен и едно семејство можело во исклучителен комфор да замине на патување, но исто така бил погоден и за професионална употреба за мобилен комерцијален оператор или за мајстор. Всушност, Ami 6 во 1966 година бил најомилениот автомобил на Французите.

Производството на седанот завршило во март 1969 година, шест месеци пред да заврши производството на караван изведбата, за да се отвори патот  за новиот, малку помалку невообичаен Ami 8, со неговото задно стакло поставено на „правилен“ начин. Понатаму во 1978 година, се отвора патот за моделот Visa.

Дали знаевте дека…

  • Името Ami 6 произлегува од фонетска комбинација која се однесува на името на проектот за дизајн (возило AM), „Мiss“ (госпоѓица на англиски) и „amici“ (пријател на италијански), веројатно инспирирано од дизајнерот Flaminio Bertoni, кој по потекло е Италијанец.
  • Yvonne de Gaulle, сопруга на Général de Gaulle, возела модел Ami 6. Возилото било на свеченото отворање на фабриката на Citroën во Rennes-La-Janais на 10 септември 1960 година, додека сè уште била во изградба, нешто повеќе од една година пред да започне производството таму.
  • Рели под името Le Tour de Gaule d’Amisix било организирано од страна на Citroën, со поаѓање од Rennes-La-Janais на 19 јануари 1966 година, со два стандардни модели Ami 6 во караван изведб, за да ја покажат издржливоста и квалитетите на патот. По крајната цел, 23 часа и 11 минути подоцна и водени од придружба, тимот поминал 2077 km со просек од 89,6 km/h.
  • Во јуни 1963 година, Ami 6 бил претставен во САД. Моделот за извоз присвоил четири кружни светла и надградени браници.
  • Место на производство: Paris (Франција) од 1961 до 1963, Rennes-La-Janais (Франција) од 1961 до 1969 година. Со моделот Ami 6 Citroën отвора нова фабрика во Бретања, што претставувало прва голема децентрализација на марката од Paris. Forest (Белгија) од 1961 до 1969. Catila (Аргентина): производството на Ami 6 караван изведбата продолжило сè до 1971 година (автомобилите се испорачувале во делови за да се склопат на лице место).
  • Произведени вкупно 1 039 384 примероци од моделот Ami 6: 483 986 седан (април 1961 до март 1969 година), 551 880 караван (октомври 1964 до септември 1969 година), 3 518 комерцијална верзија(верзија со две седишта, застаклена и обложена верзија).
  • Кај последните модели на Ami 6, интензитетот на светлина на бројчаникот се прилагодувал преку мало копче кое дава команда на отпорникот.
  • Денес, возило Ami 6 што е во добра возна состојба, се проценува од 5000 € па нагоре.
  • Верзијата Ami 6 Berline 1967 Gris Typhon може да се подари како подарок, во минијатурна изведба 1/43e (37€) преку продавницата Lifestyle Citroën.
Поврзано:   Започнува електрификацијата на Citroën во Македонија - пристигнаа електричниот ë-C4 и плаг-ин хибридниот C5 Aircross Hybrid.


Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.