full screen background image
Search

Honda e Prototype е најава за градски електричен автомобил

Јапонскиот производител го нарекува електричниот автомобил „е Prototype“ – но веќе е најавено дека сериското производство ќе започне во текот на оваа година.

Малиот електричен автомобил не само што изгледа интересно, туку е и супер-практичен. Има пет врати, многу хај-тек детали (како рачки за вратите кои „излегуваат“ нанадвор како кај супер-лускузните автомобили), странични камери наместо ретровизори и уште многу други кул ситници.

За купувачите ќе биде интересна автономијата на електрична енергија – од Honda кажуваат дека e Prototype може да помине до 200 километри со едно полнење – а тоа е повеќе од доволно за автомобил кој е замислен километрите да ги поминува по градскиот асфалт. Дополнително, силата се пренесува кон задните тркала – а тоа е особено интересно за вистинските автомобилски ентузијасти.

Кабината е интересна комбинација од ретро детали и хај-тек елементи – управувачот е особено ретро, а двата големи хоризонтални дисплеи е користат за контролирање на сите функционалности. Плус, од секоја страна има по уште еден дисплеј кој се користи за страничните камери.

 

Сериското производство ќе започне во текот на оваа година – и да се надеваме дека ќе пристигне и кај нас.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.