full screen background image
Search

РЕГУЛАТОРНА: Дизелот поскапува денар, бензините два денари

Регулаторната Комисија за Енергетика тукушто ги објави новите цени на горивата.

Во согласност со методологијата која РКЕ ја користи за пресметка на цените, малопродажните цени на горивата се зголемуваат во просек за 2.24%.

Преведено во цени, тоа значи дека цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се зголемуваат за по два денари, и еден литар од овие горива ќе чини 64.50, односно 66.50 денари.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се зголемува за еден денар, па еден литар дизел ќе чини 61.00 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат следните две седмици.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.