ПРЕМИЕРА: El-Born е првиот целосно-електричен автомобил на SEAT – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: El-Born е првиот целосно-електричен автомобил на SEAT

SEAT во Женева ќе го претстави el-Born – концептот за електрично возило кое треба да пристигне на пазарот следната година.

SEAT е првиот бренд во групацијата кој по Volkswagen ќе ја искористи MEB платформата наменета за електрични возила. Дами и господа – запознајте го el-Born. Од SEAT го нарекуваат концепт, но да нема забуни – ова е помалку-или-повеќе автомобилот кој ќе влезе во сериско производство наредната година.

На него ќе ги препознаете цртите и формите кои го дефинираат SEAT, но сепак во еден изменет и помодерен лик. Спортските линии се неизбежни, а соодветно на тоа и перформансите. Според SEAT, серискиот автомобил ќе може да помине 420 километри со едно полнење, и тоа според WLTP стандардите. Тоа ќе биде благодарение на батеријата со капацитет од 62 kWh, додека забрзувањето до 100 километри на час ќе трае 7.5 секунди благодарение на 204-коњскиот електромотор. Системот на el-Born ќе дозволува брзо полнење преку 100 kW полначи и 80% од батеријата ќе може да се наполни за само 47 минути.

Инаку, концептот е поставен на големи, 20-инчни тркала кои ја подобруваат аеродинамиката благодарение на формата на турбина. Меѓу другото, el-Born добива и напреден систем за управување со температурата кој користи специјална топлинска пумпа која успева да заштеди до 60 километри автономија.

Сепак, она кое го гледаме на фотографиите е блиску до сериско производство – тоа може да се види и по прилично нормалниот ентериер каде главниот збор го има 10-инчен мултимедијален уред со многу, многу функционалности. Како што кажуваат од SEAT, серискиот автомобил ќе пристигне следната година.

Поврзано:   SEAT Ibiza наполни 40 години!


Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.