Ова се најпродаваните автомобили во Европа во Јануари 2021 – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Ова се најпродаваните автомобили во Европа во Јануари 2021

Резултатите од продажбата на нови автомобили во првиот месец од оваа година носат големи промени на врвот од табелата.

Вака изгледаат резултатите на 10те најпродадени возила, вклучувајќи ја бројката на вкупно продадени примероци, заедно со процентот на пораснување или опаѓање на продажбата во однос на истиот месец од минатата година. Интересен факт е дека уделот на кросоверите беше дури 44% од продадените возила во овој месец.

На десетото место со пад од 17% и продадени 13,756 примероци се најде Skoda Octavia, додека Volkswagen T-Roc заврши едно место погоре со продадени 13,896 возила, како последица на пад на продажбата за 7%.

На осмото место финишираше малата Fiat Panda со продадени 14,133 примероци, што е за 16% помалку од минатата година. На седмото место со пад од 32% се најде популарното Renault Clio со остварени 14,446 продажби.

Со пораст на продажбата од дури 87% на шестотото место се најде втората генерација на Peugeot 2008, која се продаде во 14,916 примероци. Едно место погоре е новата Opel Corsa, која иако забележа опаѓање од 20%, регистрираше 14,951 продадени возила.

Иако беше најпродаван во Германија, новиот Volkswagen Golf со пад на продажбата од дури 42% и продадени 15,227 возила успеа да се приграби само до четвртото место. На третото место дојде новата генерација на Dacia Sandero, која со 13% поголема продажба се продаде во 15,922 примероци.

Цврсто на втората позиција стои Peugeot 208, со опаѓање на продажбата од само 15% и продадени 17,310 примероци. На првото место се искачи единственииот Јапонски модел – новиот Toyota Yaris, како последица на зголемување на продажбата за 3% и продадени 18,094 возила.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.