Започнува новата наградна игра на Макпетрол и Верна програмата за лојалност – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Започнува новата наградна игра на Макпетрол и Верна програмата за лојалност

Денес започнува шестата по ред наградна игра на Макпетрол и Верна програмата за лојалност-  „Верна – една и единствена“.

Од Макпетрол кажуваат дека во овој тежок период на пандемија, сакаат да им бидат поддршка на верните купувачи и барем за момент да бидат причина за нивната насмевка. Токму затоа и во овие отежнати услови наградната игра продолжува, како резултат на стремеж секогаш да ги стават потребите на купувачи во центарот на нивната работа.

Додаваат дека ги следат светските трендови во нафтениот бизнис и секогаш се трудат да го обезбедат најдоброто, како преку горивата, така и преку услугата и комуникацијата со потрошувачите.

Токму затоа, и оваа година, со почеток од 1-ви март, па се до крајот на годината, ја организираат најголемата наградна игра во државата – „Верна – една и единствена“.

Како и во десегашните Верна наградни игри, условите за учество остануваат непроменети. Со најмалку 10 поени впишани на Вашата Верна картичка, ќе бидете потенцијален добитник на лаптоп DELL, викенд за двајца во хотелите на Макпетрол, ваучер за гуми, ваучер за Лубекс моторни масла, ваучер за Кристал Кар средство за ветробрански стакла и Верна наградни поени. Ќе ги доделат и следните главни награди: скутер Honda, моторцикл Honda, гумен чамец комплет со приколка и мотор Honda и финалната мастер награда – современата Honda Jazz Hybrid.

Оние потрошувачи кои сè уште не извадиле Верна картичка тоа можат да го сторат уште денес со пополнување на пристапница кон Верна програмата за лојалност на најблиската бензинска станица на Макпетрол, а со првата трансакција со стекнати 10 поени да станат и дел од новата наградна игра, „Верна – една и единствена“.

Само на бензинските на Макпетрол. Kолку повеќе полниш толку повеќе добиваш!

Извор: PR Макпетрол



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.