full screen background image
Search

Новиот Toyota Yaris е избран за Европски Автомобил на Годината за 2021!

Најновата, четврта генерација на Yaris е избрана за Европски Автомобил на Годината за 2021!

Во конкуренција од седум финалисти, токму новиот Yaris е избран за Европски Автомобил на Годината за 2021. Жирито кое го одбира Европскиот Автомобил на Годината го сочинуваат 59 автомобилски новинари од 23 земји.

Процедурата започна со избор на 29 кандидати, од кои беа избрани седумте финалисти. Финалисти оваа година беа:

  1. Citroën C4
  2. Cupra Formentor
  3. Fiat New 500
  4. Land Rover Defender
  5. Škoda Octavia
  6. Toyota Yaris
  7. Volkswagen ID.3

По финалното пребројување на гласовите, Yaris победи со вкупно 266 освоени бодови. Блиску зад него беше новиот, електричен Fiat 500 so 240 поени, додека со само еден бод помалку, на третата позиција се најде Cupra Formentor. Зад Formentor пристигна Volkswagen ID.3 со 224 поени, новата Octavia со 199 поени, па големиот Land Rover Defender со 164 поени и конечно новиот Citroen C4 со 143 поени.

Нашиот тест на новиот Toyota Yaris можете да го погледнете тука.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.