full screen background image
Search

Continental PremiumContact 6 добија врвни оцени од германскиот ADAC!

Германскиот ADAC повторно тестираше летни пневматици – и според нивниот тест, Continental PremiumContact 6 освоија врвни резултати.

Напоредниот тест на ADAC спореди 15 летни пневматици во една од најпопуларните димензии – 205/55 R16 – и  премиум пневматиците на Continental ги добија следните коментари – „Continental PremiumContact 6 имаа меѓу најдобрите резултати за сопирање на суви површини, а на автомобилот му овозможија прецизно управување и одлични резерви на перформанси. Дополнително, пневматиците на Continental имаа најдобри резултати од сите пневматици на мокри подлоги – кратките дистанци за сопирање беа особено впечатливи. Кога станува збор за возење во мокри услови, ништо не можеше да ги победи.“

Дополнително, ADAC објави одлични резултати и во спортската димензија 225/50 R17, каде беа споредени дури 17 пневматици. Истакнаа дека „Continental PremiumContact 6 се истакнуваат со надпросечни резултати во сите категории. Пневматиците се исклучително безбедни на суви површини, а на мокри површини управувањето е особено добро.“

Во рамките на тестирањата, позитивни оцени добија и Semperit Speed-Life 3 во димензијата 205/55 R16, како и UniRoyal RainSport 5.

Застапници на Continental во Македонија се нашите пријатели од Мотоцентар.

Извор: Continental



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.