full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Hyundai го претстави Bayon, новиот најмал кросовер во понудата

Новиот Bayon е базиран на еден од најмалите автомобил кои Hyundai го нуди и ќе нуди врвни технологии во суб-компактно пакување.

Од Hyundai кажуваат дека Bayon е дизајниран и наменет за европскиот пазар. Субкомпактниот кросовер е базиран на i20, со кој ги дели и погонските единици. Сепак, бидејќи се работи за кросовер, просторната понуда на Bayon е поголема во однос на онаа кај i20 – Bayon е долг 4180 милиметри, широк 1775 милиметри и има изненадувачки долго меѓуоскино растојание од 2580 милиметри.

Дизајнот е – во најмала рака – несекојдневен, но Hyundai е во вистински дизајнерски поход, па не сме изненадени од храбриот дизајн на Bayon. Острите форми и агли доминираат и кога ќе пристигне на улиците, Bayon сигурно ќе биде забележлив.

Кабината на Bayon ќе ги нуди сите технологии кои ги нудат и другите модели на Hyundai – сите верзии ќе добијат 10.25 инчен дигитален панел со инструменти, а на централната конзола ќе биде поставен 8 или 10.25-инчен мултимедијален уред со сите можности за поврзување. Во однос на моторите – Bayon ќе се нуди со 1-литарски три-цилиндерски турбо бензинец кој испорачува 100 или 120 коњски сили. Без разлика од одбраната конфигурација, моторот добива лајт-хибридна компонента, а ќе може да се комбинира со мануелен или 7-брзински DCT менувач со двојна спојка.

Од Hyundai потврдуваат дека Bayon ќе пристигне на пазарот во текот на оваа година.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.