Новиот VW Golf е најпродаван мејнстрим модел од Ц-сегментот во 2020 во Европа – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Новиот VW Golf е најпродаван мејнстрим модел од Ц-сегментот во 2020 во Европа

Најновата генерација на популарниот голф забележа најмногу продажби во мејнстрим категоријата од Ц-сегментот.

Во минатата година мејнстрим моделите од Ц-сегментот пронајдоа вкупно 1.65 милиони купувачи на Европскиот континент. Што е намалување од 23 проценти во однос на минатата година.

Повеќето од нив беа хечбек изведби, а на првото место со продадени 126,580 примероци се најде новиот Volkswagen Golf, пред постарата генерација која во последната година од нејзиното производство забележа 107,102 продажби.

Третата позиција ја освои моделот Ford Focus со продадени 87,192 примероци, а на четвртото место се најде новиот електричен Volkswagen ID.3, кој го купиле 56,265 клиенти. Петото место беше резервирано за Peugeot 308, со продадени 53,705 примероци.

Резултатите на останатите хечбек модели ќе ги пронајдете во галеријата:

Целосната бројка на продадени каравански изведби изнесуваше 637,500 примероци, а најпродаван од нив беше Ford Focus со 84,784 примероци. На второто и третото место се најдоа третата и четвртата генерација на Skoda Octavia со продадени 75,927 и 73,485 автомобили редоследно.


Седанските изведби освоија вкупно 89,800 клиенти. Од нив најуспешен беше моделот Toyota Corolla со 20,929 продадени возила, пред четвртата и третата генерација на Skoda Octavia, кои се продадоа во 19,366 и 16,244 примероци.

Извор на сликитe: @carindustryanalysis



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.