full screen background image
Search

Започнува продажбата на новиот Volkswagen Golf 8 во Македонија!

Откако беше промовиран минатата година, сега конечно започнува продажбата на најновиот Volkswagen Golf и на нашиот пазар.

Новиот Golf е веќе изложен во салонот на Volkswagen во Скопје, каде можете да го видите во неколку различни бои и конфигурации. На нашиот пазар ќе се нуди со неколку различни турбо-бензински и турбодизел мотори, и секако – ќе може да се комбинира со мануелен или DSG автоматски менувач. Во понудата ќе ги најдете и новите eTSI лајт-хибридни турбо-бензинци, а за понатаму се најавени и плаг-ин хибридниот Golf, како и новите GTI, GTD, GTE и Golf R.

Осмата генерација на Golf воведува многу новитети – од новиот дизајн, па сè до екстензивната дигитализација и мултимедијализација на моделот. Како што веќе пишувавме, сите изведби на Golf – односно неколкуте различни нивоа на опременост – добиваат дигитални инструменти, LED светла, We Connect функционалност и мобилни услуги, итн.

Стандардно ќе се нуди и мултимедијален уред со дијагонала од 8.25 инчи, а со доплата ќе може да се добие поголем, 10-инчен дисплеј за инфозабавниот ред. Volkswagen ова го нарекува Innovision Cockpit. Инаку, ќе може да се добие и широк хед-ап дисплеј, амбиентално осветлување, многу, многу, многу различни дополнителни функционалности, како и премиум аудио уред од Harman Kardon.

За повеќе информации, посетете ја официјалната веб-страница на Volkswagen, или пак салонот на Porsche Македонија.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.