М Кар го одбележува петтиот роденден како успешен увозник и дистрибутер на BMW и MINI – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

М Кар го одбележува петтиот роденден како успешен увозник и дистрибутер на BMW и MINI

М Кар – увозник и дистрибутер на брендовите BMW и MINI за Македонија и Косово го деновиве одбележува својот 5-ти роденден, како и пет години успешна приказна на пазарот за премиум автомобили.

Од 2015 година компанијата бележи континуиран раст и постепено ја врати довербата и го достигна приматот – број 1 во премиум сегментот во Македонија за 2020 година, пред своите клучни конкуренти Мерцедес и Ауди.

Со напорна работа, посветеност и визија во текот на овие 5 години успеавме брендовите BMW и MINI да ги етаблираме на највисока позиција на македонскиот пазар. Со континуирано исполнување на најновите стандарди на групацијата BMW, поседувајќи извонредна инфраструктура,  придобивките кои доаѓаат од квалитетот на брендовите кои ги застапуваме и работејќи со искусен и посветен тим, М Кар секогаш цели кон задржување на највисоките стандарди на грижа и задоволство на своите клиенти. Нашата стратегија е секогаш да го ставиме клиентот во фокусот на апсолутно секој вработен во нашата компанија, се трудиме на персонализиран третман, овозможувајќи уникатно искуство, како и предвидување на потребите и надминување на очекувањата на клиентот. Иако нашите инвестиции во образованието, дигитализацијата и модернизацијата на нашите услуги се значајни, мислам дека причината зошто оваа година успеавме да бидеме број 1 во премиум сегментот во Македонија и покрај пандемијата и отежнатите услови за работа, лежи токму во овој пристап како и силните продукти и подршката од принципалите, а тоа го прави нашиот успех уште повреден за нас како тим“ – истакна генералниот директор на М Кар, Марко Јовановски.

Уште во втората година од своето постоење, во 2016 година компанијата M Кар ја освои наградата BMW Presidents Award“. Оваа награда претставува престижното и највисоко признание доделено од групацијата BMW на своите партнери. Истата година моделот BMW X1 беше прогласен за SUV на годината.

Благодарение на силното партнерство со групацијата BMW, M Kaр во своето работење секогаш успева да обезбеди промоција на сите нови модели, веднаш по нивните светски премиери на познатите меѓународни саеми. Некои од позначајните настани организирани од страна на М Кар во изманитиве 5 години се:

  • BMW Generation X roadshow 2016г.“ – неколкудневен настан во соработка со групацијата BMW каде посетителите имаа уникатно задоволство да ја тестираат xDrive технологија на најновите модели од BMW X семејството на возбудлива off road рута;
  • „М Car отворени врати 2016г.“ – каде пошироката јавност имаше можност да се запознае со целото работење на продажниот – сервисен центар како и да ги тестира најновите BMW и MINI модели;
  • „Бизнис Атлет 2017г.“ – уникатeн вечерен настан во М Кар за промоција на новиот BMW Серија 5 Седан;
  • „Самит 100“ 2017г. – официјален превозник на бизнис самитот
  • „Дигитален самит за земјите од Западен Балкан 2018 – официјален превозник на делегациите на самитот.
  • “The Boss is Back” 2018г.– дневно, премиум искуство за промоција на новиот BMW X5;
  • 2019г. Соработка со музичката легенда Влатко Стефановски, кој креираше афтентично BMW звучно лого за кампања за новиот BMW Серија 3 Седан.
  • Новиот BMW Серија 3 Седан официјален автомобил на „Fashion Weekend 2019г.“
  •  GKL+ 2019г. – престижна 7 степена гала вечера за промоција на три водечки BMW модели од луксузниот сегмент: првиот BMW X7, новиот BMW 7 и сосема новиот BMW 8 Coupe, каде специјален гостин на настанот беше Влатко Стефановски.

Едно од останатите достигнувања на М Кар во изминатите години, вредно да се спомне е домаќин на BMW Football Importers Cup во 2019 година BMW Football Importers Cup е фудбалски натпревар за импортерите на BMW од регионот Африка, Карибите и Источна Европа, кој минатата година се одржа во Националната Арена Тоше Проески.  Овој настан веќе неколку години традиционално се оддржува во различна земја од овој регион.  Во 2019 година се оддржа по четврти пат во Скопје, по организираните натпревари во Минхен, Загреб и Белград во изминатите три години.

На настанот присуствуваа претставници на највисокото раководство на BMW Group за регионот, имено д-р. Томас Рин, генерален директор на BMW Group за регионот: Африка, Карибите и Источна Европа, како и останати претставници на високиот менаџмент од BMW Group и импортерите на BMW.

Освен продажниот и сервисен центар за BMW и MINI, компанијата дополнително врши и дипломатска продажба, користени возила по принципот „старо за ново“, а од 2020 година започнува со дистрибуција на комплетно електрични возила од програмата BMW i и MINI Electric.

По повод својата 5 годишнина, во знакот на 5, М Кар промовира акциски понуди за BMW и MINI, како за продажба, така и во постпродажба.

CARclub го честита роденденот на М Кар и на нашите пријатели им посакуваме уште многу успех и многу, многу продадени автомобили!

Извор: PR М Кар



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.