full screen background image
Search

Регулаторна: Цените на горивата повторно се зголемуваат.

Регулаторната Комисија за Енергетика ги објави новите цени на горивата.

Како и секој понеделник, и денес имаме нови цени на горивата.

Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР-95 се зголемува за 1 денар, па еден литар 95-октански бензин од вечерва на полноќ ќе чини 63.50 денари.

Цената на ЕУРОСУПЕР-98 се зголемува за половина денар и еден литар 98-октански бензин ќе чини 65.00 денари.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се зголемува за 1.50 денари, и еден литар дизел од вечерва на полноќ ќе чини 54.50 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат до следната рекалкулација.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.