Tesla го слави производството на 1 милион автомобили – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Tesla го слави производството на 1 милион автомобили

Tesla го произведе милионитиот примерок од нивните автомобили, со што стана најголем производител на електрични возила во светот.

Достигнувањето беше прославено вчера во седиштето на компанијата во Пало Алто, Калифорнија, а Илон Маск му се заблагодари на целиот тим за нивната посветеност, со објавување на слика од вработените заедно со милионитиот примерок – црвен Tesla Model Y.

Tesla значително го зголеми производството со отварањето на втората фабрика во Шангај, Кина на крајот од минатата година, a производителот планира да произведе повеќе од 150,000 електрични возила во фабриката оваа година. Заедно со годишниот капацитет од 500,000 примероци на фабриката во Фримонт, тоа е вкупна бројка од 650,000 примероци годишно. Тоа значи дека можеме за скоро време да очекуваме и ново значајно достигнување.

За само неколку години Илон Маск успеа да го смести брендот Tesla во друштвото со големите производители, и да ја забрза миграцијата од возила со внатрешно согорување на електрични автомобили. Гамата на Tesla сега ги содржи возилата: Model S, Model 3, Model X и Model Y, а наскоро се очекува проширување со целосно новиот Roadster, контроверзниот Cybertruck и камионот Semi.

Ние имавме можност да го возиме кросоверот Model X пред две години, и ги изнесовме нашите впечатоци и импресии за него.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.