Tesla го претстави тотално лудиот CyberTruck! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Tesla го претстави тотално лудиот CyberTruck!

Tesla вчера го прикажа новиот CyberTruck – кој изгледа како сајберпанк пик-ап од научно-фантастични филмови од 80-тите години!

Сакате сај-фај пикап од иднината? Tesla го има моделот за вас. Сликите зборуваат доволно – но ќе кажеме дека изгледа едноставно… И футуристички и некако ретро во исто време. Каросеријата е направена од супер-силен нерѓосувачки челик, а добива и специјално стакло кое е отпорно на удар. Според она кое Elon Musk го кажа на сцена, најмоќната верзија на Tesla CyberTruck ќе може да забрза до 100 километри на час за само 2.9 секунди, додека најефикасниот модел ќе може да помине повеќе од 500 милји, односно повеќе од 800 километри со едно полнење.

CyberTruck добива адаптивна воздушна суспензија која благодарение на варијабилноста, може да понуди до 40 сантиметри дистанца од подлогата, а може и да се спушти за полесно внесување на товар. Инаку, CuberTruck добива стандардизиран простор за товар на задниот дел, додека врвната верзија може да носи повеќе од 1500 килограми товар и да влече до 6350 килограми.

Цените за CyberTruck (во САД) ќе почнуваат од 39.900 долари за верзијата со еден мотор кој може да помине 400 километри со едно полнење и да забрза до 100 километри на час за околу 6.5 секунди, додека врвната верзија со три мотори ќе чини од 69.900 долари.

Нарачките се веќе отворени, а првите испораки се очекуваат во 2021.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.