full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: MINI John Cooper Works GP е мини-ракета со 306 коњски сили!

Врвната изведба на тековната генерација на непогрешливиот MINI Cooper доаѓа во форма на 306-коњскиот Mini John Cooper Works GP.

Мини-ракетата на MINI користи 2-литарски турбо-бензинец со 4 цилиндри кој испорачува 306 коњски сили и 450 Nm вртежен момент кон предните тркала. Силата ја испорачува преку 8-брзински Steptronic автоматски менувач со интегриран заклучувачки диференцијал на предните тркала. Резултат на сето тоа? Катапултирање до 100 километри на час за 5.1 секунда и максимални 265 километри на час.

Но да бидеме реални – „налудничавиот“ Mini John Cooper Works GP ќе го препознаете преку екстремните аеро додатоци. Проширените крила, редизајнираниот преден дел, големиот спојлер и задниот дифузер се таму со цел да ги подобрат аеродинамиката и ладењето, како и да го покријат поширокиот траг на малиот автомобил. Шасијата е дополнително зајакната, а темелно е преработена и суспензијата. Mini John Cooper Works GP добива и 360-милиметарски дискови за сопирачките на предните тркала.

MINI планира да произведе само 3000 примероци од овој екстремен модел, а испораката ќе започне во Март следната година. Можете да го нарачате само во Racing Gray металик боја со сребрени, црвени и црни детали.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.