full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Врвниот Toyota RAV4 е плаг-ин хибрид со исклучителни перформанси

Toyota отвора ново, важно поглавје во приказната на супер-популарниот RAV4 – кој за прв пат ќе се нуди како плаг-ин хибрид со вкупно 306 коњски сили!

Плаг-ин хибридната верзија на RAV4 е директен резултат на повеќе од 20-годишното искуство кое Toyota го има со хибридните погони, и има цел на купувачите да им понуди возило кое ќе биде уште помоќно, со уште помала емисија на штетни гасови и уште помала потрошувачка на бензин.

Инаку, плаг-ин хибридниот RAV4 го користи истиот 2.5-литарски бензинец кој се користи и во конвенционалната хибридна изведба, но благодарение на поголемат абатерија, како и помоќниот електромотор, сега системската моќност на RAV4 е дури 306 коњкси сили, а Toyota очекува дека според новите WLTP тестирања, RAV4 Plug-In Hybrid ќе може да помине до 60 километри само на електрична енергија.

Дополнително, големиот SUV ќе може да забрза до 100 километри на час за само 6.2 секунди. Секако, и плаг-ин хибридната верзија го добива AWD-i интелигентниот систем за погон на сите четири тркала. Очекувањата се дека според WLTP, емисијата на штетни гасови ќе биде пониска од 30 грама CO2 на изминат километар.

Официјалното воведување на пазарите ќе започне во втората половина од следната година.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.