Еуроимпекс им препорачува на возачите на Peugeot: Направи пауза и погрижи се за своето возило – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Еуроимпекс им препорачува на возачите на Peugeot: Направи пауза и погрижи се за своето возило

Еуроимпекс, генерален увозник за Брендот Peugeot во Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија ги повикува возачите да „Направат пауза и да се погрижат за своето возило“.

За правилно функционирање на нашите возила, како во однос на безбедноста, така и во однос на одржување на перформансите и удобноста – од клучно значење е да ги следиме упатствата за сервисирање.

Дисковите и плочките се основниот безбедносен елемент на возилото, а истовремено се едни од потрошните делови, па токму поради тоа од Еуроимпекс советуваат да се консултирате со овластените Peugeot сервисни точки и да се изврши редовна проверка и замена на течноста за сопирачките, во временски период препорачан од Производителот.

Ова е одлична можност за сите Peugeot сопственици да го одржуваат системот за сопирање со промотивна цена на деловите и работната рака.  Акцијата е во важност за промотивниот период во рамките на целата овластена мрежа на Peugeot во Македонија и истата е со времетраење до 16.4.2020 година.

Придобивка за клиентите се двете сервисни локации во Скопје, но и уште петте сервисни локации распространети во нашата земја.

Еуроимпекс им стои на располагање на своите клиенти за сите консултации и совети. За повеќе информации, посетете ја официјалната веб-страница на www.peugeot.mk.

Извор: PR Еуроимпекс



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.