Carlos Tavares е Светско Автомобилско Лице на Годината – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Carlos Tavares е Светско Автомобилско Лице на Годината

Жирито кое го одбира Светскиот Автомобил на Годината го одбра извршниот директор на PSA – Carlos Tavares – за Светско Автомобилско Лице на Годината.

Carlos Tavares ја добива престижната награда благодарение на успесите на PSA – враќањето кон профитабилноста на самата групација, но и враќањето на Opel во профитно работење.

Дополнително, меѓу неговите успеси ги вбројуваме и успешните преговори за спојување со FCA, што пак ќе резултира со четврт по големина производител на автомобили во светот.

„Огромна чест е да се добие оваа престижна награда, која им ја посветувам на сите вработени во Groupe PSA, но и на одговорните и строги социјални партнери и на надзорниот одбор, кој гарантира ефективно управување“ – изјави Tavares и додаде – „Бидејќи меѓи нашите вредности на заедништво, агилност и ефикасност е силата на колективната моќ, во името на сите нас, понизно ја примам оваа висока чест.“

Наградата официјално ќе му биде предадена на 8ми Април, на почетокот на Њу Јорк Ауто Шоу.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.