full screen background image
Search

Opel ја освежи Astra – и полека но сигурно ја префрла на технологии од PSA

Визуелните разлики кај освежената Astra се минимални, но важните измени доаѓаат „под кожата“ благодарение на мотори и менувачи од PSA, како и нови технологии од францускиот концерн.

Трепнете и ќе ги пропуштите визуелните измени – тие се воглавно во дизајнот на браниците, тркалата и графиката на светлосните групи. Важните новитети се „под кожата“ – според она што го кажуваат од Opel, Astra е цели 19% поефикасна благодарение на моторите од PSA. Поточно, Astra добива 1.2-литарски три-цилиндерски турбо-бензинец од PSA кој се нуди во три верзии – со 110, 130 и 145 коњски сили. Сите верзии се комбинираат со шест-степен мануелен менувач (кој исто така доаѓа од PSA). Најекономичниот бензинец ќе може да троши само 5.3 литри на 100 километри според WLTP мерењата.

Се менуваат и дизелите – нов во понудата е 1.5-литарскиот HDI со три цилиндри кој исто така доаѓа од PSA. Овој мотор ќе се нуди со 105 коњски сили и 260 Nm вртежен момент, односно 122 коњски сили и 300 Nm вртежен момент. Основниот мотор доаѓа со мануелен менувач, додека помоќниот дизел доаѓа со 9-брзински автоматски менувач. Дизелите се исклучително економично – според WLTP можат да трошат само 4.4 литри на 100 изминати километри.

Инженерите на Opel работеле и на аеродинамиката, и освежената Astra е сега најаеродинамичниот автомобил во својата класа – со коефициент од 0.26 Cd, додека караванот е уште подобар со коефициент од 0.25 Cd. Со освежувањет, Astra добива и нова предна камера која препознава други возила, но и пешаци и сообраќајни знаци. Astra добива и нов мултимедијален уред кој нуди поврзување со Apple CarPlay и Android Auto, a купувачите ќе можат да изберат меѓу три различни верзии – Multimedia Radio, Multimedia Navi и Multimedia Navi Pro.

Поврзано:   ПРЕМИЕРА: Новата Opel Corsa GS Line е мал спортски хечбек со 130 коњски сили!

Нарачките ќе започнат наскоро.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.