full screen background image
Search

PSA и FCA официјално се согласија да се спојат

Новиот автомобилски гигант кој ќе биде резултат на спојувањето меѓу Groupe PSA и Fiat Chrysler Automobiles ќе биде четвртиот по големина производител на автомобили во светот.

Спојувањето меѓу PSA и FCA ќе ги комбинира искуствата и можностите на обата производители за подобро да можат да се соочат со предизвиците на модерните времиња, еколошките стандарди и барањата на купувачите. Новата компанија ќе биде четврт по големина производител по број на произведени автомобили, односно трет по големина ентитет по вкупен промет. Годишно се очекува да се произведуваат 8.7 милиони автомобили, а вкупниот промет ќе биде блиску до 170 милијарди евра.

Со спојувањето, ќе се обезбедат вкупни заштеди од околу 3.7 милијарди евра, и дека заштедите ќе почнат уште од првата година, а сето тоа ќе се постигне без затворање на фабрики.

Инаку, управувачката структура ќе обезбеди еднаквост меѓу двата партнери. Одборот ќе има 11 членови – по пет од PSA Groupe и Fiat Chrysler Automobiles. Главен извршен директор ќе биде Карлос Таварес, додека Џон Елкан од FCA ќе биде претседателот на одборот.

Новата компанија во своето портфолио ќе има огромна листа на брендови – Fiat, Jeep, Ram, Dodge, Alfa Romeo, Chrysler, Maserati, Peugeot, DS, Opel и британскиот Vauxhall.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.