Макпетрол ги додели наградите од финалното мастер коло – доделена и Honda HR-V! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Макпетрол ги додели наградите од финалното мастер коло – доделена и Honda HR-V!

Денес во салонот на Honda, компанијата Макпетрол ги додели наградите од финалното мастер коло – меѓу кои и новата Honda HR-V!

Наградната игра на Макпетрол, „Со ВЕРНА полни и секогаш добиј“ започна на 1-ви март и траеше до 9-ти декември оваа година. На настанот учествуваа претставници од Макпетрол АД, како и најсреќните добитници. Пред 5 години со желба да ја покаже својата благодарност кон лојалните потрошувачи, компанијата Макпетрол ја лансираше ВЕРНА програмата за лојалност преку која обезбедува дополнителни погодности и предности за верните потрошувачи.

„Во изминатите 5 години, на наше огромно задоволство, бевме сведоци на брзото растење и развивање на оваа современа платформа за лојалност. Денес, после 5 години од отпочнувањето на програмата, семејството ВЕРНА брои 183.000 членови.

Активноста и бројноста на картичките сами по себе говорат за успешноста на ВЕРНА програмата за лојалност. Создадовме едно големо ВЕРНА семејство и воспоставивме единствен систем преку кој комуницираме со нашите потрошувачи, со цел подобрување на нашата работа, затоа што секогаш има простор за напредок и усовршување.“ – изјави Мишко Тасевски, раководител на секторот маркетинг.

Покрај наградната игра, компанијата ја разви и апликацијата ВЕРНА GO која овозможува полесно менаџирање на поените и дополнително го олеснува добивањето на потребните информации поврзани со производите и услугите што ги нуди Макпетрол за своите верни потрошувачи. Оваа година во наградната игра учествуваа над 1.500.000 трансакции што покажува дека потрошувачите го препознаваа квалитетот на производите и услугите на компанијата.

„Заедничкото одбележување на 5 годишниот јубилеј од постоењето на ВЕРНА програмата за лојалност и доделувањето на наградите од финалното коло од наградна игра „Со ВЕРНА полни и секогаш добиj“ му дава уште поголемо значење на нашето денешно заедничко дружење. Наша заложба е дека и понатаму ќе се посветиме кон усовршување на Верна платформата со цел постигнување на уште поголеми поволности за нашите верни потрошувачи. Ни претставува особено задоволство што во овие денови на предновогодишна радост ќе ги збогатиме нашите потрошувачи со вредни награди од оваа наградна игра.“ – додаде Тасевски

„Платформата ВЕРНА беше создадена од две причини: првата и основна причина се нашите верни потрошувачи, а придобивките од фидбек-от кој го добивме преку неа се од голема важност за нашата компанија. Таа ни го олесни начинот на комуникација со нашите потрошувачи и ни овозможи полесно да ги следиме нивните потреби и желби. Анализирајќи ги овие заклучоци можеме со сигурност да кажеме дека ВЕРНА е проект кој вроди со големи придобивки, како за нашите верни потрошувачи, така и за нас. Наш најголем приоритет, покрај снабдувањето на пазарот на нафтени деривати со квалитетно гориво, секогаш се нашите потрошувачи. Наградната игра е начин преку кој им се заблагодаруваме на нашите верни потрошувачи. Пет години ВЕРНА програма, 183.000 членови и повеќе од 1.700 досегашни добитници на разни награди се реалност која навистина треба да се потенцира.“ – кажа Љупчо Георгиевски, директор на Дирекција за малопродажба

Ацко Арсовски со број на ВЕРНА картичка 242763 беше среќниот добитник на лап топ Dell, додека најсреќен оваа јубилејна година беше Абдулах Јетиши со број на ВЕРНА картичка 356718, добитник на главната награда, прекрасната Honda H-RV. Од компанијата додадоа дека наградната игра ќе продолжи и наредната година, а повеќе детали ќе соопштат во друга прилика. Им честитаме на добитниците!

Извор: PR Макпетрол



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.