full screen background image
Search

Tesla неочекувано го претстави новиот Roadster – најавува „стотка“ за само 1.9 секунди!

Elon Musk кажува дека сака Tesla Roadster да биде послениот клинец во ковчегот на автомобилите со класични мотори со внатрешно согорување – и најави перформанси кои изгледа како да ќе бидат ненадминати уште многу долго време!

Новиот Tesla Roadster не е базиран на Lotus, туку е направен „од нула“ – и веднаш се забележува тоа. Дизајнот е модерен, флуиден – дури секси, а тарга-кровот лесно се отстранува и добиваме вистински роудстер. Веќе се објавени голем дел од најважните бројки – батериите се со капацитет од 200 kWh, кон тркалата ќе се испорачуваат 10.000 (!!!) Nm вртежен момент, забрзувањето до 60 милји на час (96 километри на час) ќе трае само 1.9 секунди, а 160 километри на час ќе се постигнуваат за 4.2 секунди.

Максималната брзина се очекува да биде повеќе од 400 километри на час, a електричниот роудстер ќе има автономија од 620 милји, односно 1000 километри.

Мајко мила.

Цените се веќе објавени – основната изведба ќе чини 200.000 долари, а за да резервирате примерок треба да оставите депозит од 50.000 долари.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.