Brabus 900 е Maybach S650 на стероиди! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Brabus 900 е Maybach S650 на стероиди!

Mercedes неодамна го претстави моделот S650 со 620 кс, но бидејќи на Brabus тоа не им беше доволно тие ја зголемија силата на 888 кс.

Инженерите на Германскиот тјунер ова го постигнале со зголемување назафатнината на 6.0-литарскиот твин-турбо V12 агрегат на 6.3 литри и го опремиле со нови турбополначи, коленесто вратило, клипови, клипници и издувен систем. Заедно со надградбите на моторот, тие исто така нудат и цела палета на визуелни и аеродинамички надградби, како и персонализиран ентериер.

Благодарение на овие модификации, времето на забрзување од 0-100 км/ч изнесува 3.7 секунди, додека максималната брзина е 350 км/ч. Тоа се навистина импресивни перформанси за седан со тежина од три тони.

Brabus ќе ги понуди истите надградби и за моделите S600 и AMG S65 кои доаѓаат со истата погонска единица. Исто така ќе може да бидат надградени и помалите агрегати како S560, кој ќе може да се засили на 650 кс, и AMG S63 кој ќе може да се засили на 691 кс. Бидејќи доаѓа со погон на сите четири тркала и полесна погонска единица не би не изненадило доколку последната верзија постигне уште поимпресивни перформанси.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.