full screen background image
Search

Premium Auto Zentrum – Една година подоцна!

Увозникот на премиум користени автомобили – Premium Auto Zentrum – прослави една година од промената на својот бизнис модел и се пофали со постигнатите резултати.

Премиум Ауто Зентрум пред една година направи еден голем и одлучен чекор напред, менувајќи го концептот на работа, од импортер во директна врска со принципал, до самостоен мулти бренд продажен центар за нови и користени автомобили. Изјавија дека се горди на постигнатите резултати – продадени се 75 автомобили, а амбициите се оваа бројка следната година да биде зголемена за 20-25%. Истовремено, располагаат со лагер од најбараните модели на македонскиот пазар.

Критериумите по кои ПАЗ ги набавува и нуди автомобилите се следните:

  • Старосна граница од 3 години
  • Ограничен број на поминати километри
  • Состојба на автомобилите која е подобра во однос на останатите понудувачи
  • Ниво на опременост во горната половина на вклучени опции

Од ПАЗ изјавуваат дека се горди што успеале да го скршат мразот и да ги подигнат критериумите за начинот на работење со користени автомобили, но и да понудат автомобили со врвна безбедност и еколошка прифатливост – сите автомобили кои се нудат се со минимум ЕУРО5 стандард на еколошка прифатливост, а техничката состојба на автомобилот детално се утврдува – резултат на сето тоа се проверени и доверливи автомобили, но и задоволни клиенти.

Им честитаме на постигнатите резултати и им посакуваме уште повеќе успеси во иднина!

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.