full screen background image
Search

Во Скопје пристигна новиот Citroën C3 Aircross

Од македонскиот импортер на Citroën нè информираа дека пристигна новиот компактен SUV на францускиот производител – C3 Aircross.

Со новиот C3 Aircross, францускиот производител продолжува да ја усовршува својата дизајнерска насока, но и да нуди креативни решенија. Од Citroen гордо кажуваат дека C3 Aircross е најпространиот во класата и нуди багажен простор од дури 520 литри, а може да се нарача во дури 90 комбинации на бои на каросеријата и пет дизајни на ентериерот.

????????????????????????????????????

Кај C3 Aircross се достапни неколку различни PureTech бензински и BlueHDi турбодизел мотори кои нудат добитна комбинација од перформанси, потрошувачка и еколошка прифатливост. Дел од опремата е и Grip Control системот за контрола на тракцијата кој овозможува совладување на препреки и надвор од асфалтот.

????????????????????????????????????

Цените започнуваат од 13.990 евра за Citroën C3 Aircross PureTech 82 во Live ниво на опрема, а врв на понудата е Citroën C3 Aircross BlueHDI 120 S&S со автоматски менува во Shine ниво на опрема за 20.090 евра.

????????????????????????????????????

Се надеваме дека наскоро ќе го добиеме C3 Aircross на тест и ќе ви ги пренесеме нашите впечатоци од малиот, фанки, француски SUV.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.