Со неколку објавени фотографии, Mercedes-Benz ја најавува најновата, трета генерација на успешниот купе-седан со ознаката CLS!
На фотографијата од предниот дел на новиот CLS можеме да го забележиме обликот на предните светла и маската на ладилникот, а на фотографијата од ентериерот можеме да препознаеме неколку детали од централната конзола и мултимедијалниот уред.
Мултимедијалниот уред е поврзан со панелот со инструемнти пред возачот – и за разлика од другите модели на брендот кои користат по два различни дисплеи за инструментите и централниот екран, нам ни изгледа како CLS да ќе користи еден, екстремно-широк дисплеј. Понатаму, со желба да го издвои од другите модели, Mercedes-Benz на CLS ќе му ја додаде и придавката Coupe – со што уште понагласено ќе ја дефинира силуетата на новиот автомобил.
Наскоро ќе имаме повеќе детали за Mercedes-Benz CLS – премиерата е закажана за 27-ми Ноември.