full screen background image
Search

Hyundai го претстави својот нов SUV на горивни ќелии

Концептот – кој сега за сега се вика едноставно Next Generation FCEV – го најавува серискиот модел кој ќе биде придвижуван од горивни ќелии и ќе има автономија од 580 километри.

Hyundai продолжува да инвестира во FCEV (Fuel Cell Electric Vehicle) технологиите, и во Сеул го прикажа новиот концепт кој го нарекува Next Generation FCEV. Новиот концепт е директен наследник на FE Fuel Cell Concept автомобилот прикажан во Женева и всушност е навистина блиску до сериско производство.

Кога ќе биде лансиран, новиот FCEV ќе го замени Tucson (односно ix35) Fuel Cell, и според корејскиот производител ќе може да помине 580 километри со еден резервоар.

Дизајнерски – ова е втор автомобил во гамата на Hyundai кој го користи новиот дизајнерски јазик на брендот – првиот е кросоверот кој се вика Kona (и кој наскоро треба да пристигне и кај нас). Дизајнот го карактеризираат уникатно-изведени предни светла со засебни LED дневни светла и светла за магла, како и флуидни линии кои го отсликуваат карактерот на возилото. Од она што можеме да го видиме на фотографиите, Hyundai има и нов дизајнерски пристап во кабината – внатре доминираат два големи дисплеи, и модерно-изведена централна конзола.

Според гласините – иако ништо не е потврдено – концептот е придвижуван од електромотор со моќност од 120 kW (160 коњски сили) и 400 Nm вртежен момент, кој ја пренесува силата на предните тркала.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.