Полека но сигурно Volkswagen открива сè повеќе и повеќе детали за новиот компактен кросовер кој ќе се вика T-Roc.
Дизајниран и наменет за помладите купувачи, T-Roc ќе има остри линии и јасни пропорции, како и прогресивен дизајн. Според Volkswagen, T-Roc ќе биде поставен под Tiguan во хиерархијата на брендот, а ќе се нуди со неколку различни мотори, погон на сите четири тркала и мануелен или автоматски менувач.
Најновото видео кое Volkswagen го објави нуди неколку детали од ентериерот, и можеме да видиме детали обоени во бојата на каросеријата, а добиваме и метални рачки за вратите, сребрени детали како и инфо-забавен уред.
Наскоро ќе знаеме повеќе – премиерата треба да се случи следната седмица.