full screen background image
Search

Aston Martin ги објави првите фотографии од Vanquish Zagato Speedster и Shooting Brake

Иако специјалните верзии на Zagato-дизајнираните модели нема да одат на продажба до следната година, скоро сите примероци од овие уникатни примероци на Aston Martin се веќе распродадени!

Vanquish Zagato Shooting Brake е најновиот додаток во гамата – и нам ни изгледа одлично! Сега за сега не се објавени многу фотографии, но од Aston Martin кажуваат дека ќе биде стриктно со две седишта, но благодарение на уникатниот кров ќе има многу простор и многу светлина.

Кабината ќе добие специјални додатоци од карбон, анодизирани контроли и делумно покривање со кожа. Купувачите ќе добијат и електрично задвижување на вратата на багажникот за полесен пристап до „луксузниот багажен простор“ како и сет куфери специјално прилагодени за овој автомобил.

Вкупно ќе бидат произведени 325 автомобили – 99 купеа, 99 Volante кабриолети, 99 Shooting Brake „каравани“ и 28 спидстери. Marek Reichmann од Aston Martin веќе потврди дека неколку купувачи нарачале „по еден примерок од сите верзии“. Нека има.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.