full screen background image
Search

Aston Martin Vanquish Zagato – Автомобилска еротика!

Aston Martin потврди дека ќе произведе лимитирана серија од Vanquish Zagato Coupe кој го претстави минатиот месец во Италија!

Супер-ексклузивното купе е развиено во соработка со Zagato, а благодарение на неочекувано големиот интерес минатиот месец на Concorso d’Eleganza во Villa d’Este, Aston Martin одлучи да направи лимитирана серија од само 99 примероци.

Според познавачите, сите 99 примероци се веќе резервирани, а цената на еден примерок е околу 500.000 фунти, односно околу 650.000 евра. Купувачите ќе добијат темелно преработен Vanquish кој е редизајниран од страна на Zagato, а автомобилот добива и ексклузивен ентериер направен специјално за лимитираната серија. Задолжен за движење е 6-литарскиот V12 атмосферски бензинец кој сега испорачува 600 коњски сили и му овозможува на Vanquish Zagato да забрза до 100 километри на час за само 3.5 секунди!

Среќниците (и доволно богатите) кои нарачаа Vanquish Zagato можат да ги очекуваат автомобилите на почетокот на следната година.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.