full screen background image
Search

Volvo го претстави R-Design пакетот за S90 и V90

Шведскиот производител ги претстави R-Design верзиите на своите нови S90 и V90, а со нив ветува лик инспириран од перформансите, но и технички модификации ориентирани кон забавата зад воланот!

Двоецот на Volvo добива суптилен, но спортски бодикит. На фотографиите забележуваме нов преден браник со интегрирани светла за магла, изменет изглед на решетката на ладилникот, детали во сјајна црна боја, изменет заден браник и нови, големи тркала со пет краци во мат црна боја.

Во ентериерот, S90 и V90 R-Design добиваат поспортски дизајн на седиштата, спортски педали, ексклузивен управувач и пакет за илуминација подготвен специјално за овој пакет. Дополнително, инженерите на Volvo ја имаат преработено суспензијата за автомобилите да понудат поинтересно искуство зад воланот.

Мораме да признаеме дека R-Design пакетот изгледа одлично на седанот, но уште подобро на големиот V90 караван. Ние веќе имавме шанса да се запознаеме со Volvo S90, а се надеваме дека наскоро ќе имаме шанса и да го повозиме луксузниот шведски седан.

Нарачките се веќе отворени!

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.