Aston Martin Vulcan е монструозно тркачко возило со извонредни перформанси, а Castrol во ова видео прикажува дека со користење на моторното масло EDGE Titanium тие ќе бидат уште подобри.
Производителот на моторни масла го предизвикува професионалниот возач Дарен Тарнер да го спореди своето виртуелно со реално возење на тркачката патека, со цел да докаже дека нивните масла го прават моторот на секое возило да работи подобро и да испорачува подобри перформанси. Сепак, самата глетка на реткиот автомобил кој ќе биде произведен во само 24 примероци, го прави ова видео доволно интересно.
Погледнете го видеото и уживајте!