full screen background image
Search

Ford претстави специјална ’67 Heritage Edition изведба на новиот GT!

Ford го искористи Monterey Car Week за да го претстави својот омаж кон победата на Le Mans во далечната 1967-ма година!

Исклучителниот Ford GT ’67 Heritage Edition ќе го препознаете по Race Red црвената боја со бели тркачки линии и „голиот“ карбон. Дополнително, специјалната изведба добива и големи налепници со бројот 1 на вратите и предниот поклопец, како и големи 20-инчни ковани тркала, црвени шепи на сопирачките и сребрени капаци на страничните ретровизори.

Во кабината купувачите ќе добијат карбонски седишта со црвени опшивки, црвени безбедносни појаси, специјални лопатки за менување на брзините и специјални детали на панелот со инструменти, зацврстувањата и на други ситници.

Heritage изведбата ќе биде достапна само за 2018 моделската година и секое возило ќе добие уникатна плочка со серискиот број.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.