Фејслифтираниот Aston Martin Vantage добива драстично зголемена моќност – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Фејслифтираниот Aston Martin Vantage добива драстично зголемена моќност

Тековната генерација на Vantage по шест години на пазарот добива големо ажурирање со ревидирана шасија и поголема моќност.

Новиот автомобил е поширок за 30 мм од автомобилот што заминува, а панелите на каросеријата се скоро целосно обновени. Дополнително на ова, предниот дел е фундаментално редизајниран со отстранувањето на хаубата во стил на преклопување, а тенките фарови на автомобилот од претходната генерација ги заменуваат поголеми единици кои ја користат новата матрична LED технологија.

Задниот дел ни е веќе познат, но сега вклучува четири нови интегрирани издуви и дифузор за кој има карбонска опција. Како и досега, задните светла можат да бидат затемнети или специфицирани во црвена боја. Тркалата од 21 инчи доаѓаат во три различни дизајни и се обвиткани во спортските пневнатици Michelin Pilot Sport 5S.

Целокупниот дизајн на суспензијата е сличен како порано, но калибрацијата и на пружините и на амортизерите е нова. Ригидноста на шасијата е подобрена, а новите адаптивни Billstein амортизери сега функционираат многу поефикасно. Од компанијата велат дека различните режими за управување со тракцијата на автомобилот, системот за контрола на лансирање и електронскиот серво волан се повторно подесени за да обезбедат поголеми перформанси.

Срцето на автомобилот е 4-литарскиот V8 мотор развиен од Mercedes AMG, кој сега произведува 656 коњски сили и 800 Nm вртежен момент. Забрзувањето до 100 км/ч трае само 3,5 секунди а максималната брзина изнесува 325 км/ч. Заедно со 8-брзинскиот автоматски менувач тој ја испраќа силата исклучиво до задните тркала.

Испораките на новиот Vantage ќе започнат во вториот квартал од годинава кога ќе биде и официјално објавена цената.

 

Поврзано:  ПРЕМИЕРА: Новиот Aston Vanquish e... Aston Martin Vanquish!



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!