Aston Martin го освежи DBX707 – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Aston Martin го освежи DBX707

Спортско-луксузниот SUV добива нов ентериер, нова технологија и нова рекалибрација на шасијата.

Бидејќи Aston Martin го претстави DBX707 во 2022 година, за годинава немаше потреба од поголеми визуелни измени. Тука се новите нијанси на каросериските бои (Epsilon Black, Helios Yellow, Sprint Green, Malachite Green, Aura Green и Podium Green), рачките на вратите, новите ретровизори со интегрирани камери и новите бои за опционалните 23-инчни тркала.

Во кабината е вграден новиот инфозабававен систем од 12,3 инчи кој поддржува безжично поврзување со Apple CarPlay и Android Auto. Покрај тоа, сега има повеќе опции за персонализација и нови материјали како што се сјајниот чаден даб, сјајната титаниумска мрежа и фурнирите од карбонски влакна. Аудио системот со 14 звучници и моќност од 800W сега е вклучен во стандардната опрема, но опционално може да се надгради на уште попремиум аудио Bowers & Wilkins систем со 23 звучници и 1600W.

Под хаубата се наоѓа твин-турбо 4-литарски V8 мотор кој произведува 707 коњски сили и 900 Nm вртежен момент, чија моќност се префрла преку деветстепениот автоматски менувач и системот за погон на сите тркала. Со максимална брзина од 310 км/час, DBX707 останува еден од најбрзите сериски SUV во светот.

Хардверот на шасијата останува непроменет (вклучувајќи ја адаптивната воздушна суспензија и стандардните карбон-керамички сопирачки), но инженерите на Aston Martin повторно ги калибрираа електронските амортизери и воздушните пружини што резултираше со попрецизна контрола на каросеријата. Производството и испораката на ажурираниот DBX707 ќе започне во вториот квартал на 2024 година, а цените ќе бидат објавени поблиску до лансирањето на пазарот.

Поврзано:   Фејслифтираниот Aston Martin Vantage добива драстично зголемена моќност

 



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!