Дамите го одбираат Women’s Worldwide Car of the Year – ова се финалистите! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Дамите го одбираат Women’s Worldwide Car of the Year – ова се финалистите!

Дамите од Women’s Worldwide Car of the Year жирито го одбираат автомобилот на годината и веќе ги објавија петте финалисти кои ќе се борат за титулата.

Финалистите се веќе победници во пет категории – Семеен Автомобил, SUV, Голем Автомобил, Ексклузивен Автомобил и 4х4 и Пик-ап. Сите финалисти веќе победија во своите сегменти во однос на безбедноста, динамичноста, технологиите, комфорот, ефикасноста, влијанието на околината и вредноста за вложените пари.

Критериумите се базираат на истите носечки интерески кои го интересираат секој возач при купување на автомобилот. Всушност, од WWCOTY жирито потенцираат дека не бираат „женски автомобил“ бидејќи автомобилите не се родно определени туку дека при бирањето на кандидатите се земаат предвид сите параметри погоре, но и квалитетот, впечатоците од возењето и други важни параметри за секој возач.

Оваа година финалисти (и воедно победници во секоја категорија) се следните возила:

  • Семеен автомобил (долг до 4.6 метри): Volvo EX30
  • Голем автомобил (подолг од 4.6 метри): BMW Серија 5
  • SUV (подолг од 4.6 метри): KIA EV9
  • 4×4 & Pick-Up: Volkswagen Amarok
  • Ексклузивен автомобил: Aston Martin DB12

Жирито го сочинуваат 75 автомобилски новинарки од дури 52 земји ширум светот. Член од регионот е нашата колешка од Србија – Тина Вујановиќ. Резултатите ги очекуваме наскоро!

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.