full screen background image
Search

Женева 2017: Со новиот FE Fuel Cell Concept, Hyundai ја најавува иднината на екологијата

Дури и самото име – FE – означува Future Eco, а Hyundai кажува дека со новиот концепт најавуваат целосно нов, еколошки-прифатлив SUV!

Името на концептот, според Корејците ги рефлектира иновативните нови технологии кои ја нагласуваат еколошката прифатливост на концептот. Во концептот е вградена најновата, четврта генерација на технологија со водородни горивни ќелии, а токму оваа технологија му овозможува на концептот да помине повеќе од 800 километри на ова чисто гориво.

Новите ќелии се 20 проценти полесни, имаат 10 проценти поголема ефикасност и 30 проценти поголема густина на енергија во однос на ќелиите кои се вградуваат во ix35 Fuel Cell. Дополнително, концептот носи и портабилни батерии кои се полнат преку погонот на возилото и можат да се користат за полнење на уреди кои ги носат патниците, а во багажникот има дополнителен простор за складирање и полнење на електричен скутер.

„Hyundai Motor има историја со правење на иновативни, ефикасни возила кои ја поместуваат нанапред автомобилската индустрија. Нашиот FE Fuel Cell Concept е значајна еволуцја на на нашето водство со овие технологии, и не носи чекор поблиску до „Водородно Општество“, каде транспортот е чист, ефикасен и ги подобрува животите на нашите купувачи“ – изјави подпретседателот на Hyundai – Woong Chul Yang.

Според Hyundai, формата на FE Fuel Cell Concept е инспирирана од природата и водата, и нагласува дека автомобилот има нулта емисија на штетни гасови. Дизајнот го одликуваат чисти линии, тенки предни светла, минимализам и големи тркала. Приказната за минимализам продолжува и во кабината каде доминираат три големи екрани – едниот ги заменува традиционалните инструменти, вториот е за инфозабавниот систем а третиот – поставен пред менувачот – е наменет за целосна интеграција со паметен уред или телефон.

Поврзано:   Премиерата на новиот Hyundai Tucson е закажана за 14-ти Септември!

Од Hyundai најавуваат дека некои елементи од FE Fuel Cell Concept ќе се најдат и во новиот SUV со горивна ќелија на Hyundai кој ќе биде лансиран следната година. Се очекува дека новиот автомобил ќе има одлична автономија на водород, а дел од него ќе бидат и Hyundai Smart Sense технологиите за асистенција во возењето.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.