full screen background image
Search

Женева 2017: Audi Q8 Sport Concept – Хибрид со 476 коњски сили и автономија од 1200 километри!

Германскиот премиум бренд го претстави Q8 Sport Concept – моќен хибриден кросовер базиран на Q8 Concept кој беше изложен на саемот во Детроит.

Новиот концепт е придвижуван од хибридна конфигурација која вклучува 3.0-литарски V6 TFSI мотор со 443 коњски сили, електричен мотор со моќност од 27 коњски сили, како и електричен систем од 48 волти. Системската моќност изнесува 469 коњски сили и 700 Nm вртежен момент, овозможувајќи му забрзување од 0-100 км/ч за 4.7 секунди и максимална брзина од 275 км/ч.

Електронската сила извира од литиум-јонски батерии, вградени под багажниот простор. Таа е доволна за придвижување, маневрирање и паркирање на автомобилот во секојдневниот густ сообраќај. Целосниот опсег на возење е до 1,200 километри со еден резервар од 85 литри. Простата математика кажува дека просечната потрошувачка на големиот спортски SUV е околу 7 литри на 100 изминати километри.

Најинтересниот дел е всушност електричниот компресор кој Audi го додале на TFSI агрегатот. Тоа е елемент кој дебитираше во SQ7 TDI и овозможувa скоро-инстантно забрзување во секое време. За испорака на силата кон сите четири тркала се гржи осум-степен автоматски менувач.

Q8 Sport Concept е поставен на огромни 23-инчни алуминиумски фелни обвиени во пневматици со профил 305/35. Моделот исто така добива неверојатни 20-инчни керамички диск сопирачки, а тука е се и пет нивоа на растојание од подлогата со 90 милиметарска разлика во висината.

Во кабината може да се најдат неколку дигитални дисплеи, вклучуваќи 12.3 инчен Virtual Cockpit со повисока резолувија и иновативен „contact-analogue“ head-up дисплеј кој ги прикажува неопходните информации директно во гледното поле на возачот на ветробранското стакло.

Поврзано:   ИНТЕРВЈУ: Д-р. Златко Муцунски, Порше Македонија - Што подобро ги запознаеме електричните возила, неизбежно е да ги засакаме. Останатото е лесно.

Според Audi, овој хибриден систем може да очекуваме да се најде во нивните претстојни модели, како следните A6, A7, A8 и Q7. Конечната сериска изведба од Q8 се очекува да биде претставена во 2018.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.